Црна хроника
Уапсена нова група полицајци и цариници на „Ќафасан“
Уште една група од 16 полицајци и тројца цариници се сомничат за барање и примање поткуп на граничниот премин „Ќафасан“
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, за Макфакс потврди дека групата полицајци, коишто се уапсени во рамките на операцијата „Бумеранг“, работеле како организирана група и тие ќе бидат изнесени пред истражен судија во Кривичниот суд во Скопје.Покрај полицајците уапсени се и тројца царински службеници, кои работеле индивидуално. Секој поединечно барал и земал поткуп на граничниот премин „Ќафасан“.Цариниците се предадени на судот во Струга.Денешното апсење е спроведено во рамки на акцијата „Бумеранг“, во којашто досега на граничниот премин „Табановце“ беа приведени околу 40 полицајци, осомничени за барање и примање поткуп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.