Црна хроника
Експертиза на бродот „Илинден“

Доколку временските услови бидат поволни бродот „илинден“ денеска треба да биде изваден од Охридското езеро за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата
Околностите и причините за потонување на туристичкиот брод „Илинден“ во саботата на Охридското Езеро ќе ги утврдува мешовитата Комисија, составена од експерти за внатрешна пловидба од Македонија, Бугарија и Хрватска.Комисијата во неделата ја одржа првата средба, а експертскиот тим го посети местото на кое во саботата загинаа 15 патници од бродот, сите бугарски државјани. Членот на Комисијата и поранешен капетан Златко Клечкароски по средбата изјави дека планирано извлекување на бродот во неделата било откажано поради неповолните временски услови. Клечкароски наведе дека доколку временските услови бидат поволни, извлекувањето на потонатиот брод ќе почне денеска изутрина. Претходно, бугарскиот тим истражители, побара извлекувањето на бродот да биде извршено во рок од 24 часа за да се изврши детална експертиза за причините за несреќата. Јавниот обвинител на Бугарија Борис Велчев изјави во неделата дека заеднички интерес на Бугарија и Македонија е да се утврди кој е виновен и тој да понесе соодветна одговорност за трагедијата во Охридското езеро. „Нашата цел е објективната вистина“, изјави Велчев. Тој не ја исклучи можноста од човечка грешка за трагедијата со потонатиот брод. На новинарско прашање со какви сознанија располага бугарското Обвинителство за трагедијата, Велчев изјави „Тоа кое сите го знаеме со малку повеќе дополнителни факти“ Велчев најави дека денеска во Макеоднија ќе пристигне неговиот заменик Камен Ситнилиски. Напоредно со ова, се очекува денеска да биде завршна аутопсијата, по што согласно законската процедура, македонските власти ќе дозволат телата на загинатите да бидат пренесени во Бугарија.Обдукцијата врз телата на настрадани почна во саботата вечер, а на македонските патолози им помагаат и бугарски доктори по судска медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
60-годишен кумановец загина во експлозија на плинска боца

Вечерва во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.
Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек.
Црна хроника
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.