Црна хроника
Хрватите бараат ново снимање на остатоците од „Илинден“

Првиот закажан термин за извлекување на остатоците на потонатиот брод „Илинден“ кое беше закажано за 8 часот е откажано
Причините, официјално, се лошите временски услови што во монетов владета на Охридското Езеро. Меѓутоа, неофицијалчно дознаваме дека причината за одложува на извлекувањето на остатоците на бродот е барањето на хрватските експерти претходно да биде извршено уште едно подводно снимање. Да потсетиме екипата хрватски експерти има големо долгогодишно искуство со бродски несреќи и процедурата што се применува во вакви случаи. Се очекува снимањето да биде извршено околу 12 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени тројца крадци во Неготино, одземеното пронајдено

Денеска, во 2.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д. К. (19) од Велес, С. Т. (25) од селото Црвени Брегови, Неготинско, и еден малолетник.
Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, и при преглед во возилото пронајдени се предмети што ги одзеле од двор на фирма во Неготино.
Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центарот за социјални работи и јавен обвинител. Д. К. и С. Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
1.603 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд

Во текот на изминатиот викенд како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177. Исто така во посочениот период, регистрирани се 138 прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола, потоа за некористење на сигурносен појас изречени се 95 санкции и уште 30 прекршоци за неносење заштитна кацига, како и 45 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова во текот на викендот беа регистрирани 36 случаи на возачи кои што управувале под дејство на алкохол, деветмина минале на црвено светло, а евидентирани се и 14 прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот од сообраќај биле исклучени 47 возила од кои 36 заради тоа што биле нерегистрирани и 11 заради техничка неисправност.
Црна хроника
Двајца убиени во пукање во Волково, малолетник со повреди пренесен на клиника

Денеска околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.