Црна хроника
Повторено подводното снимање на „Илинден“
Посебен тим нуркачи од Охрид вчера попладнето изврши ново подводнo снимање на бродот „Илинден“ што во саботата потона во Охридското Езеро, при што се удавија 15 бугарски туристи
Снимањето беше спроведено на барање на Комисијата што работи на утврдување на причините за несреќата, по забелешките на некои од членовите дека претходните видео-записи од „Илинден“ на места биле заматени и според нив не може да се добијат потребните податоци во истрагата.Бугарскиот експерт во Комисијата, Георги Илиев, вчера најави дека можно е „Илинден“ денеска и утре да остане на дното на езерото. Според него, „Илинден“ треба да биде извлечен неоштетен на суво, а временските услови тоа не го дозволуваат.Денеска во Охрид се очекува да пристигне заменик-главниот обвинител на Бугарија, Камен Ситнилски, кој вчера во Скопје се сретна со македонскиот државен обвинител, Љупчо Шврговски.Несреќата со потонувањето на бродот „Илинден“ се случи во саботата во 10 часот и 30 минути, на 254 метри од брегот на длабочина од 6 метри, кај Авто-кампот „Елешец“. На бродот кој сообраќаше на релацијата Охрид – Свети Наум, имало 57 патници, од кои 42 ја преживеаја несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот, заедно со уште три лица, провалил во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго дејствувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа тој и другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор, сега осомничениот, заедно со другите лица, влегол во просторијата наменета за вработените, од каде што ги одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.