Црна хроника
Прванов добил лоши подводни снимки од несреќата во Охрид
Бугарскиот претседател во својата изјава за причините за нереќата ги посочи снимките кои подоцна беа оценети како нецелосни
Фактот дека на барање на хрватските експерти беше извршено дополнително снимање на потонатиот брод „Илинден“ говори дека на бугарскиот претседател Георги Прванов му биле предадени некомплетни или дефектни снимки од несреќата. Прванов изјави дека причините за несреќата се технички проблеми меѓу сајлата која ја контролира крмата на бродот. Исто така, не докрај јасна беше јасна изјавата на Прванов која ја даде на Охридскиот аеродром дека снимките ги примил од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.