Црна хроника
Се поставува опремата за извлекување на „Илинден “
Извлекувањето под надзор на бугарскиот заменик – јавен обвинител Илиев и македонскиот истражен судија Весна Кичеец
Ноќеска пристигнатата опрема за извлекување на „ Илинден “, откако пристигна на скопскиот аеродром, се поставува на местото на несреќата на Охридското езеро кај Елешец. Од експертите од хрватската фирма „ Дубина “ посочуваат дека подготовките се извршени, но дека се работи за сложена постапка од причини што се работи за материјал кој ќе биде предмет на истражна и судска постапка.Се планира непосредното извлекување да биде реализирано денеска попладне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.