Црна хроника
Циле го враќа ударот врз Јани Нича и Вилма Рускоска!
Неофицијално претстои постапка за смена и иземање на Јани Нича како судија и Вилма Русковска како обвинител поради судскиот процес против Васил Тупурковски
Јани Нича е судијата кој го осуди Тупурковски на 3 години затвор за злоупотреба на тајванските кредити како директор на Агенцијата за развој и инвестиции, додека Јован Андонов Реган е осуден на две години затвор и обврска да ја надокнадат штетата од 2.5 милиони евра. И во жалбената постапка и во јавната кампања Тупурковски ги оспорува наводите во обвинението и пресудата за тоа како можел да злоупотреби средства од сметка на Стопанска банка за која не бил овластен да располага како и поради фактот што Агенцијата не била правно лице. Забележливо е што Тупурковски во жалбената постапка пред Апелациониот суд Скопје директно полемизира со обвинителката Вилма Рускоска а не со обвинителниот акт и пресудата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.