Црна хроника
МВР демантира дека биле блокирани влезовите кон Скопје
Министерството за внатрешни работи демантира дека биле блокирани сите патни пристапи кон Скопје со што според организаторите на протестот за повлекување на енциклопедијата многу граѓани биле спречени да дојдат на најавените протести
Во соопштението на Министерството за вантрешни работи се анведува дека пропаднатите очекувања на организаторот не треба да бидат оправдувани со лаги и клевети за наводно „грубо прекршување на човековите права“, како што обвинија организаторите на денешниот протест протви Македонската енциклопедија на МАНУ.Бројноста на протестот и поддршката која што ја доби организаторот воопшто не е предмет на интерес на полицијата. Полицијата единствено има ингеренции околу обезбедувањето на јавниот ред и мир при протестите и со задоволство може да соопштиме дека истите поминаа без никакви инциденти, провокации или какви било посериозни проблеми. Заслуга за ваквиот исход има организаторот, но и целиот тим кој учествуваше во изготвување на Оперативниот план и проценките за ангажирање на соодветен број полициски службеници, посочува МВР.До Секторот за внатрешна контрола досега нема никаква поплака за притисок или противзаконско постапување на полицијата, а дали протестите имаа слаб одзив заради апсурдноста на барањата или од други причини се прашања кои би ги толкувале аналитичарите, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.