Црна хроника
Убиена старица во Градско
Возрасна жена на 78 година пронајдена е мртва во нејзиниот дом во Градско, а околу вратот на покојната биле пронајдени траги на насилство
Починатата Стефка Ј.(78) била пронајдена околу девет часот изутрината од нејзината сосетка, која веднаш го пријавила случајот во полиција.Стефка Ј. Била легната на подот, а главата и била покриена со ткаенина. Поради постоење на знаци на насилство околу вратот на сега покојната Стефка Ј. по налог на Истражен судија телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.