Црна хроника
Запленето оружје при истрагата за нападот на граничната патрола
При претрес во семејните куќи на пет лица од кумановско Опае, во домот на еден од нив полицијата пронашла нелегално оружје, со кое можеби е извршен нападот на полициската патрола од Белановце
Полицијата извршила претрес во домовите на Е.С.(37), Б.С.(40), К.С.(42), С.С.(48) и Е.С.(49), сите од с.Опае, Куманово, во склоп на активностите за откривање на сторителите на вооружениот напад извршен над полициската патрола на ПС за ОДГ „Белановце“. Врз основа на добиени оперативни сознанија, а по наредба на Истражен судија при Основен суд Куманово извршен е претрес во куќите на петте наведени лица, соопштува МВР.
При извршениот претрес во домот на С.С. се пронајдени и одземени 1 пиштол марка Црвена Застава М57 со рамка и 8 куршуми кал.7,62 мм, кој го поседувал без дозвола за поседување и носење на оружје.Во домот на Е.С. пронајдени се и одземени 2 рачни радиостаници и од лицето К.С. е одземена облека, кои се предадени на вештачење. Против С.С. од страна на СВР Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Гранична патрола на македонската полиција во четвртокот вечерта беше нападната во близина на кумановското село Белановце. Во инцидентот не настрада никој од полициската патрола, кон која било пукано од зоља и од автоматска пушка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.