Црна хроника
Свекор пукал во снаата, па се самоубил
Милисав Здравески на 83 години од Македонски Брод со два куршуми пукал во снаата, 53-годишната Павлина Ѓорѓиеска Здравеска, а потоа си пресудил и самиот со куршум во главата
Според сознанијата на полицијата прво започнала вербална расправија, најверојатно за имотно-правни односи. Во еден момент свекорот Здравески со два куршуми од пиштол марка ’црвена застава’ со калибар од девет милиметри, што го поседувал со дозвола, ја погодил Павлина, нанесувајќи и прострелни рани во главата и во пределот на стомакот, а дека откако сфатил што сторил, се застрелал. Соседите веднаш повикале полиција и итна медицинска помош. Тешко ранетата Павлина веднаш е префрлена во прилепската болница, каде што околу 16 часот им подлегнала на повредите. Соседите раскажуваат дека откако починал сопругот на Павлина, таа се расправала со свекорот за имотот. Истрагата продолжува за да се утврдат мотивите за трагедијата, а наредена е обдукција на двете тела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.