Црна хроника
Продолжен притворот за капетанот на „Илинден“
Охридскиот суд денеска за уште 30 денови му го продолжи притворот на капетанот на бродот „Илинден“ 23-годишниот Сотир Филески
Министерството за внатрешни работи против Филески поднесе кривична пријава за тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот, при што пред еден месец му беше одреден притвор од 30 денови кој истекуваше денеска. Бродот „Илинден“ потоа на петти септември во Охридското Езеро во близина на кампот Елешец, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.