Црна хроника
На „Александар Велики“ запленети 33.000 швајцарски франци и 25.800 евра
Во два наврата на скопскиот аеродром цариниците на летови од Цирих за Скопје во текот на неколку дена заплениле поголемо количество девизи кои трбелао да бидат нелегално внесени во државата
Во средата царинската испостава Аеродром Скопје царинските службеници спречија обид за нелегален внес на 33 илјади швајцарски франци и 11.500 евра. Непријавените средства биле пронајдени при царинска контрола на лице со иницијали А.Б., македонски државјанин кој пристигнал на аеродромот со лет од Цирих Претходно, во неделата, на истата царинска испостава бил спречен уште еден ваков обид. При царинска контрола на лице со иницијали Р.И., македонски државјанин кој патувал на истата релација, Цирих–Скопје, биле пронајдени непријавени 14.300 евра. Во двата случаи, непријавените девизни средства се привремено одземени, а против прекршителите се изготвени барања за поведување прекршочна постапка до Комисијата за решавање по прекршоци, при Царинската Управа на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.