Црна хроника
Mакедонско–албанска група шверцери на дрога
Пресечен е канал за шверц на марихуана од Албанија преку Македонија за Грција, при што е уапсена петчлена криминална група, соопшти во петок македонската
Во акцијата спроведена во четвртокот од македонското МВР; приведени се четири државјани на Македонија и еден на Албанија, при што се запленети околу 25 килограми марихуана.Дрогата била откриена во возило со тетовски регистерски таблички, сопственост и управувано од Џ.М.(45) од Тетово, каде како сопатник било лицето Д.Т.(40) од Албанија.Двете лица биле уапсени, откако при претрес на возилото на на бензинска пумпа „Петрол Компани” во Тетово, биле пронајдени 28 пакувања во кои имало марихуана.По преземени дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот во петокот разно изутрина на патниот правец Тетово – Гостивар, уапсени се лицата Б.К.(44), З.Љ.(24) и Б.Ч. сите од Дебар. Тие претходниот ден од Дебар за Тетово со возило „БМВ” транспортирале 16 пакувања марихуана и му ја предале на албански државјанин Д.Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.