Црна хроника
Скопјанец загина на автопатот Велес-Скопје
Во петок околу 17 часот на автопатот Велес-Скопје, кај надвозникот за селото Брезница, во близинана тунел Катланово, се случила сообраќајна незгода во која 49-годишен скопјанец го агуби животот
Возачот кој бил само во автомобилот „форд фокус“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и минал на спртоивната страна при што удрил во бетонскиот столб од надвозникот. Од ударот автомобилот се запалил и целосно изгорело, а возачот починал при судирот, покажал увидот направен од Истражен судија, Заменик јавен обвинител и увидна екипа од велешката полиција. Телото на починатиот е пренесено за обдукција во Медицински центар-Велес, а возилото е пренесено во полициската станица Петровец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.