Црна хроника
Уапсен серискиот убиец на стари жени во Скопје?!
Триесет часа полицијата го разоткривала монструозниот чин на млад 30-годишен скопјанец за кого се сомневаат дека е скопскиот сериски убиец, јави А1 телевизија
Доказниот материјал кој потврдува дека ја убил Лидија Христовска во март годинава, е само почеток на неговите ладнокрвни напади на осамени и незаштитени жени, потврдуваат за А1 извори од истрагата. Досегашните вештачењата за сега уапсениот покажале дека освен за убиствата, постојат докази дека извршил и 4 разбојништва, во последните неколку месеци – најверојатно и грабежот на техничка роба и нападот на жената во трговскиот центар Мавровка од пред некоја недела. Уапсениот од претходно и бил познат на полицијата како наркоман и деликвент, за време на апсењето од неговиот дом била одземена и негова облека која дополнително ке оди на вештачење, најверојатно на неа полицијата се надева дека ќе обезбеди биолошки траги кои ќе го поврзат со серијата убиства на старици во Скопје. Од полицијата велат дека стручните тимови на Кримтехника и вечерва ќе работат на собраниот доказен материјал детали за истрагата најавија за утре. Како што вчера објави А1 скопскиот сериски убиец, според извори од истрагата сите жени ги убил на ист начин. Човек пристојно облечен, со здравствена книшка во раката и документ дека бара пари за својата болна мајка. Мета му биле жени осамени и незаштитени, не му било важно дали се богати или не напаѓал главно по домовите, но постојат сомнежи дека се обидувал да убива и на отворено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

