Црна хроника
На Табановце откриени 4 тони опасна хемикалија
При спроведување на царински контроли на граничните и внатрешните царински испостави во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за нелегално внесување на стока на територијата на државата, информираат од Царинската управа на Македонија
Притоа царинските работници привремено задржале непријавени стока, како на пример четири тони опасна хемикалија 1111BD DESMOPHEN, пронајдена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички. Камионот бил пријавен за транзит низ Македонија кон Грција на граничниот премин Табановце-автопат. Стоката била сместена во магацин, соодветен за чување на опасни хемикалии при Агенцијата за стопанисување со запленети стоки.Откриени се и 43.200 батерии од 1.5 V марка SQMI, најдени при проверка на контејнер натоварен на камион со македонски регистарски ознаки, на граничниот премин Богородица. Возлиото, управувано од лице со иницијали М.Н., македонски државјанин, превезувало стока, наменета за увозник од Скопје. Во Куманово се откриени 546 женски ташни, при детален преглед на стока со кинеско потекло, пријавена за увозно царинење од увозник од Скопје, а 300 футроли за мобилни телефони се пронајдени на граничниот премин Табановце-автопат, при царинска контрола на автобус со српски таблички, во патничка торба на еден од патниците, македонски државјанин. Во истито автобус царинските службеници пронашле и 8 употребувани делови за патнички моторни возила (анлансери, глави за мотор и бош-пумпи) во патничко возило со aвстриски регистарски ознаки. На скопскиот аеродром била задржана такенина од лен од 300 емтри квадратни, при царинска контрола на стока со потекло од САД, наменета за увозник од Охрид.Со приближувањето на новогодишните празници, почнува и шверцот на забранетите петарди и други распрскувачки материјали, но цариниците на граничниот премин Делчево отркиле 250 петарди во патните торби на лице македонски државјанин, кој патувал со бугарскиавтобус. Косовар на преминот Блаце се обидел во својот автомобил да прошверцува 98 рала женски хеланки, а негов сограѓанин подоцна сакал да сокрие 55 пакети гуми за џвакање.Од поголемите прекрѓоци се анведува и обидот за непријавување на 240 женски ташни, со логото на Gucci, кои се задржани заради соменвање дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки. Тие биле наменети за фирма увозник од Скопје а се прозиведени во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Роб Рајнер и неговиот син Ник се скарале на божиќна забава ноќта пред убиството
Холивуд е во шок откако легендарниот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, а за убиството е осомничен нивниот син Ник Рајнер, пишува Ти-Ем-Зи.
Според извори блиски до семејството, само една ноќ пред убиството, на божиќната забава на водителот Конан О’Брајан, Роб и Ник имале жестока и гласна расправија, која ја слушнале и други гости. Кратко потоа, Роб и Мишел ја напуштиле забавата.
Извори наведуваат дека родителите со месеци се соочувале со сериозни проблеми поврзани со менталната состојба и наводната злоупотреба на супстанци од страна на нивниот син. Мишел, наводно, им се доверила на пријателите дека таа и сопругот се исцрпени и дека „пробале сè“.
Телата на Роб Рајнер и неговата сопруга биле пронајдени во неделата во нивниот дом, а Ник Рајнер бил уапсен во понеделникот и обвинет за убиство, со одредена кауција од 4 милиони долари.
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

