Црна хроника
Пронајдено телото на Лета Цветаноска Лазаревска во Охридско Езеро
Мртвото и прилично оштетено тело на 35-годишната Лета Цветаноска Лазаревска, водите на Охридското Езеро денеска го исфрлија на плажата под претседателската вила „Билјана“, на непристапниот дел од крајбрежјето меѓу хотелите „Парк“ и „Инекс Горица“, јави А1
Безживотниот труп на Лета, по 18-дневна потрага откако таа исчезна, денес околу 11 часот го пронашол инспектор од Охридската полиција.До доцна попладнево под вилата „Билјана“ траеше увидот на полицијата, истражниот судија, јавниот обвинител и вештак по судска медицина од Битола, што обдукција врз починатата изврши во Охридската болница.Според првичните неофицијални информации, Лета што во Охрид живееше со сопругот и две мали деца, не е насилно убиена, туку се работи за давење во езерските води, веројатно самоубиство, но причините за смртта ќе ги откријат резултатите од обдукцијата и содржината на писмото пронајдено во фрлената чанта на Лазаревска, најдена кај поранешната Детска болница во Свети Стефан.Ова е втор случај на исфрлање на мртов труп од Охридското Езеро за само шест дена, по оној од минатата сабота кога кај градското пристаниште во Охрид исплива мртвото тело на 61-годишниот Сребре Наумоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

