Црна хроника
Опомена за Шеќеринска, Минчев и Мисовски
Граѓанска парница за отштета ќе покрене Лазар Еленовски, по чија тужба денеска опомена добија Радмила Шеќеринска и Горан Минчев од СДСМ, како и Горан Мисовски од НСДП
Пресудата за опомена за навреда кај обвинетите предизвика разочарување од нефункционирање на системот, додека за тужителот Еленовски, токму овој случај покажува дека Македонија е европска и демократска држава.
„Денеска судот донесе срамна одлука. Очигледно, ни беше пратена порака дека серијалот ‘пратеници на суд‘, продолжува“, рече Горан Мисовски.
Според него, основниот мотив за тужбата на Лазар Еленовски е да ја зачува неговата политичка позиција во тогашната Влада.
„Со цел да се оправда пред премиерот за она што јавноста имаше можност да го види, дека сепак премиерот на спорот со името дефинитивно не бил бескромпомисен. Сепак, тој во Букурешт заминал со став за промена на уставното име на Македонија“, додаде Мисовски.
Судска опомена е најблаг стадиум на пресуда, објаснува адвокатот на Шеќеринска, Мирослав Вујиќ, меѓутоа повторно се утврдува вина.
„Прво, од правна страна не се грижам воопшто, затоа што не постои институција што ќе ја потврди оваа одлука, од причина што никој никого не навреди во овој случај, а тие се опоменати за навреда, не за клевета, туку за навреда“, рече Вујиќ пред Основниот суд Скопје 1.
Според него, ако вакво нешто може да им се случи на лидер на партија и на двајца секретари на партии, нема никаква сигурност за граѓаните при слободно размислување или изнесување на некои ставови.
Лазар Еленовски е задоволен од пресудата бидејќи се докажало дека обвинетите го направиле кривичното дело.
„Не може во оваа држава, која што сакаме да биде европска и демократска, некој да си поигрува со нечиј углед и авторитет. Судот покажа и потврди дека обвинетите го сториле тоа дело“, рече Еленовски, додавајќи дека ќе оди на граѓанска парница, каде би можел да добие парична отштета од обвинетите.
Еленовски ја поднесе тужбата за снимката од затворена седница на НСДП, на која тој наводно признава дека Премиерот се согласил на промена на уставното име, што од коалицијата „Сонце“, беше употребена на митинг во изборната кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

