Црна хроника
Труп со изедени нозе пронајден покрај Вардар
Напознат труп, пронајден е вчера во близина на железничката станица Кукуречани – Неготино, соопштуваат од МВР
За трупот пријавил триесет и шест годишниот М.М. од Крива Паланка, а со привремен престој во с.Криволак, Неготино. Тој видел труп закачен на гранки на дрво, при што пријавил во полициската станица во Неготино.Трупот е пронајден во местото Пумена Станица во близина на железничка станица Кукуречани, Неготино, на брегот на реката Вардар.Непознатиот труп бил закачен на гранки и бил во фаза на распаѓање.Полицијата излегла на лице место, при што е констатирано дека дел од нозете му биле изедени од кучиња, кои често биле покрај брегот.По наредба на Истражен судија, трупот е предаден за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.