Црна хроника
Полицијата гони група во Арачиново?!
Според непотврдени информации до кои дојде Форум, полициската опсада на скопското село Арачиново се’ уште трае и доаѓа откако е нападната полициска патрола на единицата „Алфа“
Полицијата се’ уште трага по арачиновецот, кој во обид да биде уапсен и’ избега на полицијата. Неофицијално станува збор за осомничен за убиство кое го извршил пред три години.Според известувачот на Макфакс од терен, инцидентот се случил во Страчинци. На бегалецот помош му била пружена од селото Мојанци. Локалните жители не откриваат детали. Велат дека слушнале силно пукање. Во моментов во селото Брњарци има силно полициско обезбедување. Селото го надлетуваат два полициски хеликоптера. Како што веќе објавивме, во моментот кога полицијата го апсела, арачиновецот отворил оган кон полицијата.Според информациите до кои дојде www.forum.com.mk од безбедносни извори кои сакаат да останат анонимни, станува збор за група од седум-осум лица која била пресретната. Се претпоставува дека се работи за група која се занимавала со организиран шверц, кои се дрзнале, како и неколкупати досега, да отвораат оган врз полицијата.Утринава за www.forum.com.mk портпаролот на МВР, Иво Котевски, официјално ни потврди дека во тек е акција за фаќање на лице по кое има распишано потерница.Вооружени полицајци го пребаруваат селото Арачиново, по добиени оперативни сознанија дека лицето по кое се трага се крие во скопско Арачиново.Во моментот се’ уште трае операцијата, пукање низ селото имало, но нема повредени, потврди Котевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.