Црна хроника
Почина повредениот во експлозијата на Криволак
Лицето Ферди Ј. им подлегна на повредите здобиени од експлозија на артилериска граната на армискиот полигон Криволак
Според информациите на полицијата Ферди, роден 1984 г., од селото Криволак, заедно со двајца соселани на запрежна кола во петокот попладне, влегле на армискиот полигон да собираат метални предмети, кои потоа би ги продавале на отпадите.Ферди, на стрелиштето Џидимирци пронашол неексплидирана артилериска граната и почнал да ја удира со метален предмет. Граната експлодирала нанесувајќи му тешки повреди, од кои починал, во Клиничкиот центар во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.