Црна хроника
Украле 50кг бакар, штета 60 илјади денари
Вчера вечер околу 20.10 часот во Скопје на ул.„Шарпланинска“бб, од страна на пет непознати лица извршено е разбојништво при што се украдени 50кг бакар, а штетата се проценува на 60 илјади денари
Разбојништвото е извршено над педесет и деветгодишниот М.Ј. од Скопје , вработен како чувар во „ДПТУ Пити-Комерц-ДООЕЛ“, при што му одзеле четири ленени вреќи од по 50 кгр. чистен бакар, со што причиниле материјална штета од 60.000 денари. Разбојништвото е извршено на тој начин што сторителите кои биле маскирани со фантомки на главата дошле до складот за отпадни суровини „ДПТУ Пити-Комерц-ДООЕЛ“ ја прескокнале жичаната ограда, влегле во плацот и дошле до чуварницата каде бил М.Ј., влегле внатре и физички го нападнале удирајќи го со тупаници. Од ударите М.Ј. паднал на подот, по што сторителите откако со бакарна жица и кабел му ги врзале рацете, од чуварницата ги одзеле вреќите со бакар и побегнале. М.Ј. откако успеал да се одврзе го пријавил случајот во ПС „Ѓорче Петров„, по што набрзо по преземените мерки и активности сторителите се пронајдени. Станува збор за Ј.П.(22), Ф.Е.(19), Е.Р.(18), Д.П.(17) и С.И.(18) сите од Скопје, против кои во врска со стореното дело ќе биде поднесена кривична пријава. Инаку, Ј.П., Д.П. и С.И. и порано се кривично пријавувани за дела од имотната област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.