Црна хроника
Една куќа изгоре а две опожарени во Битола
Полицијата ги утврдува причините за големиот пожар, што избувна синоќа во Битола, при што една куќа целосно изгорела, а двете соседни куќи биле зафатени од огнот
Според СВР Битола пожарот избувнал на улицата Солунска во куќата на Х.Ѓ (56), која што целосно изгорела, а потоа се проширил и ги зафатил куќите на Н.С (40) и на Б.К (54).Битолската телевизија Тера јави дека сопственикот на изгорената куќа Христо Ѓоргиевски – Спанаќот, кој се кандидираше за претседател, е повикан на информативен разговор.Соседите се револтирани и велат дека две години се борат, бараат помош од институциите, кои, според нив, тврделе дека го следат и го имаат под контрола Ѓоргиевски.„Во инспекцијата, во социјално, во општината. Им велевме луѓе Спанаќот не е како што треба. Целото ѓубре од градот го бери, цел Баир со Ромите се кај него, некој ден ќе не запали, ќе изгориме сите. Тој ден дојде ете сега. Целата улица, ланец од куќи се зафатени” изјави Наум Стефовски жител на улица Солунска.Соседите не сакаат да претпоставуваат дали пожарот е предизвикан намерно или не, само велат дека се гневни на односот, односно пасивноста на институциите за она на што предупредувале со години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.