Црна хроника
Пијан виничанец си ја убил сопругата
Виничанец под дејство на алкохол си ја убил сопругата
Четириесет и четиригодишниот Н.М. синоќа во 2.45 часот почнал да се расправа со четириесет и тригодишната сопруга Мерем Мехмед. Ја удрил во слабинскиот дел од десната страна, по што жената паднала во бессознание и почнала да крвари од устата. Сето ова се случувало пред очите на нивната шеснаесетгодишна ќерка.Мерем во бессознание била пренесена во Здравствениот дом во Виница, а од таму во болницата во Кочани каде била констатирана смрт.
Сопругот се наоѓа во полициската станица во Виница. Неофицијално, жената била и претходно болна. Телото е предадено на обдукција и се испитува како настанала смртта. Од СВР Штип детали најавија во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.