Црна хроника
Нападнати две жени во околината на Скопје
Две жени биле нападнати во сопствените куќи во околината на Скопје
Едното разбојништво се случило во село Сарај. Две маскирани лица нападнале 58-годишна жена додека била во бањата и перела алишта. Ја врзале со селотејп, ја нападнале со бејзбол палка и со нож и се заканувале да им даде пари. Украдени се 7.000 евра и златен накит во вредност од 3.000 евра. Жената е пренесена во Ургентниот центар. За време на грабежот нејзиниот сопруг бил во куќата, но разбојниците успеале да побегнат.Второ разбојништво се случило во село Сопиште. Непознато лице нападнало 62-годишна жена и и’ нанело тешки повреди на главата. Снаата на нападнатата дотрчала на помош и го повикала сопругот и неговиот братучед, но напаѓачот успеал да избега. Жената е пренесена во Градска болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.