Црна хроника
Пронајдени уште два „бутика“ на Мадам Пепи
Полицијата утрово во претрес на два објекта кои ги користела Мадам Пепи пронашла нова бреднирана облека и друга шверцувана стока во вредност од приближно 200 илјади евра.
Се работи за облека која била пронајдена при претрес на стан на улица „Лондонска“ кој бил изнајмен од претходно осомничената П.М (позната како Мадам Пепи) и во семејната куќа на Мадам Пепи на улица „Франц Прешрн“. Изнајмениот стан на Лондонска Мадам Пепи го користела како нерегистриран малопродажен објект и таму е пронајдена поголема количина на гардероба од странско потекло и познати светски марки. При претресот на семејната куќа на осомничената се пронајдени шест куфери и една патна торба со текстилна стока која не била висококвалитетна.Како што соопштува Одделот за организиран криминал во врска со претходниот случај на Мадам Пепи кога беше принајдени два килограми кокаин и шверцувана облека за што и е поднесена кривична пријава, разновидна трговска стока која денеска е пронајдена вреди околу 12 милиони денари. По процената на вредноста на пронајдената гардероба, МВР, освен за трговија со наркотични средства, поднесе и нова кривична пријава против П.М за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.Пронајдената текстилна стока со потврди е одземена и предадена на надлежен Истражен судија.Пријавената во подолг период наназад, како што стои во соопштението, континуирано набавувала, држела и продавала криумчарена трговска стока – гардероба (текстилна, кожена, крзнена, обувки, женски чанти, очила за сонце и др.) која е од странско производство и не се произведува во нашата земја. Според изјава на П.М., облеката претежно ја набавувала од Италија и до Македонија ја пренесувала со патнички автобуси, авионски, како и лично, со приватно моторно возило, притоа избегнувајќи го плаќањето на царината. Продажбата и наплатата на неевидентираната трговска стока, П.М. ја вршела во готово, без финансиска евиденција и без издавање фискална сметка.Во соопштението од МВР се вели дека во наредниот период треба да биде извршен увид во стоката и од овластени лица кои треба да потврдат дали се работи за оригинали или фалсификати на познатите брендови.Мадам Пепи беше откриена минатата недела како резултат на раскинувањето на ланец на трговија со дрога. Тогаш македонската полиција, во соработка со германската служба, во станот на Мадам Пепи пронајде два килограми кокаин, но и голема количина на брендирана облека. Беше запленет и нотес со имиња на личности кои пазареле кај Мадам Пепи. Во јавноста се шпекулираше дека во тефтерот се запишани имиња на една поранешна прва дама, потоа на политичари, новинари, бизнисмени и јавни личности. Српскиот весник Блиц објави дека Мадам Пепи ја снабдувала и српската естрадна сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.