Црна хроника
Фатени ограбувачи на викендички во Велешко
Фатени се арамиите кои повеќе години насилно влегуваа во викендици во околината на Велес, соопшти велешката полиција
Уапсени се четириесет идве годишниот У.У и шеснаесет годишниот малолетник Љ.А и против нив се поднесени кривични пријави, изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска. Осомничените само во последниве два месеци извршиле пет тешки кражби во викендици во околината на Велес. Тие „оперирале“ во викенд – куќите во месностите Трпезица, Бојаџиина чешма, Каменот и Трети дол. Според полицијата, арамиите насилно влегувале во викендиците и земале се што ќе им дошло при рака, а украдените предмети не ги носеле во отпад за старо железо, туку ги продавале на градскиот пазар како стари работи. Полицијата ги фатила арамиите кога на почетокот на месецов им поставила заседа во една викендица, за која што претходно имале сознанија дека двајцата осомничени насилно ќе влезат. По апсењето, крадците ги признале и останатите кражби.Двајцата арамии од порано и се познати на велешката полиција. За вакви и слични кривични дела тие повеќепати досега биле казнувани. СВР Велес до Основното јавно обвинителство против двајцата арамии поднесе кривични пријави за сторени кривични дела тешка кражба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.