Црна хроника
Царината заплени стока вредна 420 илјади денари
Во текот на изминатите неколку денови, при редовни контроли, царинските работници од Одделението за оперативни работи спречија повеќе обиди за нелегално внесување на стока во државата при што се запленети стоки чија вкупна вредност се проценува на повеќе од 420 илјади денари
Притоа, поради основано сомневање дека се работи за фалсификати на заштитена трговска марка, привремено се задржани и 1.290 пара спортски обувки со ознака на трговската марка ALL STAR со вредност од 193.500 денари, откриени при царинска контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 3 од страна на фирма – увозник од Скопје. Дури 21.500 разни производи, бебешки прибори за повивање, сунѓери за чистење на обувки и жилети, со вредност од 84.800 денари, откриени при царинска контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 3, од фирма – увозник од Скопје. Во македонски автомобил на патот Крива Паланка – Куманово се откриени 598 готови текстилни производи (фармерки, тренерки, блузи), со вредност од 48.386. Возилото било запрено за контрола од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи, а откако констатирале дека во него има поголемо количество стока од трговски карактер, возачот, македонски државјанин од Куманово, и возилото биле предадени на мобилните царински тимови. Исто така, кај Крива Паланка се откриени 373 готови текстилни производи (тренерки, јакни и пижами) и 28 мерачи за крвен притисок, со вредност од 47.290 денари, при царинска контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин од Крива Паланка, кој влегол на граничниот премин Деве Баир. Непријавената стока била пронајдена под патосниците и во делот за резервна гума на возилото.Кај Стар Дојран откриени се осум килограми памучна ткаенина, 800 етикети (од скај и платно) за текстилни производи, 80 патенти, 80 метални копчиња и 10.200 нитни, со вредност од 32.200 денари, при контрола на автомобил со грчки регистарски ознаки, кој бил паркиран на патот за Стар Дојран во близина на граничниот премин. Стоката за која возачот грчки државјанин не поседувал документи за потекло или платени царински давачки, била пронајдена во багажниот дел на возилото.Цариниците пронашле и една фитнес лента за трчање со електричен погон, модел JX260A, со вредност од 13.000 денари, откриена во товарниот дел на камион со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин од с. Ржаничино, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со медицински помагала и амбалажа, наменети за увозник од Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.