Црна хроника
Велешанец трипати силувал малолетник
Грозоморен чин во Велес – 46 годишниот С.Н. силувал 16 годишен малолетник, и му се заканувал по живот ако го пријави
Силувањето се случило во jануари годинава, кога пријавениот сторител и малолетникот, кои претходно се познавале, започнале расправија пред трговскиот центар во Нова населба во Велес. Сведоци на расправијата биле повеќе граѓани, по што осомничениот С.Н. го присилил малолетникот да тргне со него до една стара запуштена куќа во близина на трговскиот центар каде го извршил половото дејство врз него.За да не го пријави во полиција, С.Н. му се заканил на малолетниот дека ќе му го одземе животот. Користејќи ги заканите во наредните две недели уште двапати го силувал малолетникот.Поради страв и срам, малолетникот не зборувал со никого за случајот се додека тоа не го откриле надлежните лица во средното училиште каде тој учел.Делото е пријавено во велешката полиција која го привела осомничениот 46 годишен велешанец, кој го негирал делото, но бил идентификуван од малолетникот.Од СВР Велес известија дека до основното јавно обвинителство против лицето С.Н. денеска поднеле кривична пријава за силување поради основано сомневање за стореното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.