Црна хроника
Исчезна петгодишно дете од кумановската населба Средорек
Детето со иницијали Д.М., е пријавено за исчезнато во саботата во 20 часот од страна на неговиот татко
Последен пат го виделе соседите во дворот на куќата на неговата баба. Оваа населба се наоѓа покрај Кумановска Река.Од СВР Куманово велат дека теренот интензивно се пребарува и дека засега немаат информации за тоа што се случило.Анкетирани се соседите на момчето, а службени лица разговарале и со жителите од околните населби за да се дојде до некаква трагаПолицијата засега нема информации дека постојат мотиви за грабнување на детето. Пред десетина дена исчезна и седум иполгодишното момче Митат Ибраими од скопското село Средно Коњаре, во чија потрага се вклучи и Интерпол. И за овој случај се’ уште истрагата не дала конкретни резултати. Засега нема индиции дека станува збор за поврзани случаи, односно дека децата се грабнати. Се’ уште без резултат е и случајот на Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње исчезна на 23 јули минатата година, чие тело беше пронајдено јануари годинава, како што покажа споредбата на ДНК анализата. Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот. Но останаа неодговрени прашањата како петгодишната Ангела можела сама да препешачи повеќе километри до местото каде се најдени остатоците.Ова може да се оправда се тезата дека диви животни и кучиња ги разнесле деловите од детето. Но останува загадочно како во најопсежната полициска потрага преземена досега во која беа употребени кучиња трагачи, хеликоптери и бројни полициски сили, не беа откриени никакви траги и сознанија за исчезнувањето на Ангела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.