Црна хроника
Нападнато едно лице, одземени му се 600 евра
Три непознати лица, синоќа околу 22 часот, го нападнале лицето И.В. при што му одзеле 33 илјади денари или околу шестотини евра и една сим картичка за мобилен телефон.
Нападот е извршен на улицата Беласица во Скопје, а Општина Гази Баба превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.Разбојништвото е извршено на тој начин што сторителите најпрво се разминале со И.В. и го прашале дали има цигара и откако истиот негативно им одговорил тие продолжиле да се движат пеш во спротивен правец, по што во еден момент од зад грб го нападнале. Притоа еден од сторителите физички го нападнал со удари со тупаници во пределот на главата, додека другите двајца го претресувале по џебовите и откако му ги одзеле парите и сим картичката, побегнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.