Црна хроника
Тројца повредени во престрелка во скопско Грчец
Три лица се повредени во престрелка што претпладне бо понеделник се случила во скопското село Грчец, општина Сарај
Инцидентот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се случил околу 11 и 20 часот на влезот кон селото Грчец кога настанала расправија меѓу две спротиставени групи пред кафе барот „2000“, а потоа и тепачка која завршила со пукање од пиштол. Притоа Ф. И (53) бил повреден на левата нога, со повреда во пределот на главата од удар со тврд предмет се здобил А.М. (36) од село Грчец, а телесни повреди има Н.И. (18) од Грчец. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје. На местото на настанот е извршен увид и од досега превземените мерки и извршени разговори, на настанот му претходело недоразбирање што се случило вчера. Осомничен за пукањето е лицето И.М. (24) од селото Грчец. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање, а се бараат и други лица, кои исто така зеле учество во инцидентот.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за расчистување на случајот по што ќе следува соодветна пријава.
Полицијата привела неколкумина за кои се сомнева дека се поврзани со случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.