Црна хроника
Извлечено телото на загинатиот рудар
Пред половина час од рудникот „Саса“ беше излечено безживотното тело на рударот Ѓорѓи Спасевски, кој изутрината загина додека минирал во една од јамите во рудникот, причините нејасни
Иако првично беше соопштено дека загинал од одрон, вработените во рудникот се изненадени бидејќи врз Спасевски се одронил само мало парче од карпестиот монолитен материјал.Исто така, според вработените телото на загинатиот било пронајдено на три метри од местото на одронот.Директорот на рудници „Саса“, Максим Прохоров за Макфакс изјави дека станува збор за искусен работник кој долги години работел во рудникот.Тој додаде дека погребот на загинатиот ќе падне на товар на управата на рудникот и дека ќе ги покријат трошоците околу организирањето.Починатиот Спасевски роден е 1960 година бил оженет и татко на две деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.