Црна хроника
Во гостиварско за три месецa 56 наршувања на јавниот ред и мир
Во првите три месецa од годинава на гостиварското подрачјето се регистрирани 56 нарушувања на јавниот ред и мир, а прекршочни пријави заработило 91 лице, соопшти Министерството за внатрешни работи
Според информациите од СВР Тетово, најбројни се физичките напади (24) и тепачки (14), потоа следат караници, непристојни постапки (7), како и 7 случаи на навредување и омаловажување на службени лица.Сите регистрирани прекршоци од првото тримесечје биле расчистени и завршиле со барања за прекршочна постапка, соопштуваат од СВР Тетово кое енадлежно и за гостиварското подрачје.Според местото на случување, најголемиот број од прекршоците се случиле по гостиварските улици и во угостителски локали. Десет учесници во настаните биле малолетници, а најголемиот дел од нив лица над 25 години. Меѓу прекршувачите на јавниот ред имало и две жени.Споредено со истиот период лани, бројката на прекршоците од јавниот ред и мир е помала за дваесет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.