Црна хроника
Охридски доктори осомничени за поткуп
Според пријавата осомничените на 22 март годинава од родителите на болното четиригодишно дете, побарале 2000 евра за лекување во хипербарична комора
Таквото лекување, лекарите Р.М.(50) и Г.Б. (41) не смееле да го извршат бидејки со одлука од јануари оваа година, Општата болница донела решение за затворање на комората се до носење на соодветна правна регулатива и добивање согласност за користење од Министерството за здравство на РМ.Кога оштетените одлучиле да побараат писмена потврда за исплатените пари, двајцата осомничени им издале белешка која не била архивирана и заведена и била директен повод кој ги навел да ги пријават докторите. Откако случајот бил пријавен во полиција,инспекторите, во координација со Јавното обвинителство на оштетените им биле предадени технички обработени банкноти во висина на износот кој требале да го доисплатат.Технички обработените 800 евра, му се исплатени на првоосомничениот, со што се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1500 евра. Веднаш откако парите биле исплатени, со наредба од истражен судија, извршен е претрес во Одделението за Урологија и кај првопријавениот пронајдени се технички обработените 800 евра, а дополнително се пронајдени 1980 евра и 1960 денари чие потекло ќе се утврдува.Според писмен акт од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, лекувањето во хипербарична комора во истата клиника се врши со син картон и партиципација од 450 денари за еден третман, се вели во соопштението на СВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.