Црна хроника
Со нож нападнат зашто не сакал да продаде алкохол
Дваесет и тригодишно момче синоќа околу 1:30 часот со нож го нападнал сопственикот на тобако „Мартини“ на ул. „Сава Ковачевиќ“ во Скопје бидејќи не сакал да му продаде алкохол
Дваесет и двегодишниот сопственик на тобакото, кој го познавал напаѓачот и претходно, се здобил со гребнатини на грбот, вратот и во пределот на градниот кош. Според МВР, момчето најпрво започнало вербална расправија со сопственикот, му се заканувал, а потоа си заминал. По 20 минути повторно се вратил и го нападнал со нож. Полицијата ќе изврши информативен разговор со напаѓачот и за него ќе следи соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.