Црна хроника
Не се отфрлаат сценаријата за исчезнвуањето на децата
Министерството за внатрешни работи ги истражува сите аспекти околу исчезнувањето на децата, но до овој момент немаат ниту еден индикатор што би водел во насока дека исчезнатите деца се жртви на криминални групи
„МВР во овие случаи многу сериозно пристапува кон анализа на околностите под кои се случил одреден настан и никогаш не ги отфрламе, ниту едно од можните сценарија и алтернативи, кои што би можеле да се случат“, изјави Јанкуловска.Таа додаде дека сепак не би можеле да даваат квалификации за некое кривично дело без притоа да бидат обезбедени докази.Пред неколку дена во населба Средорек, кај Кумановска река исчезна петгодишно девојче, од истата населба каде исчезна и момчето Дане Мемеди.Се уште нема трага ниту од Митат Ибраими од скопското село Средно Коњаре.Полицијата ги бараше телата на исчезнатите деца по реката Пчиња и Кумановска, но семејствата се уште немаат одговор дали нивните деца се удавиле во реките, дали се киднапирани или пак се жртви на трговија со органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.