Црна хроника
Ограбени казино и обложувалница во Скопје
Непознат маскиран сторител извршил разбојништво во казино-клубот „Сенатор“ и украл 189.000 денари, јавува Макфакс
Непознатиот сторител утрово во 04:15 часот влегол во казино клубот, што се наоѓа во населбата Кисела Вода и откако репетирал пиштол кон М.Ј. (26) од скопско Сопиште, ги украл парите од сефот.Синоќа, во скопска Гази Баба, две вооружени непознати лица извршиле разбојништво во спортската обложувалница „Арена“, при што одземале 12.000 денари од вработената М.А. (34). МВР трага по сторителите на двете разбојништва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.