Црна хроника
Башиноселец со пријава за семејно насилство
Башиноселец психички и физички ја малтретирал својата сопруга, a тортурата на сопругот врз сопругата траела подолго време. Честопати тој и се заканувал и дека ќа ја убие
од Д.С., Велес
Полицијата изминатиот месец разговарала со насилникот и против него до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело Телесна повреда. Дваесет и четиригодишниот Д.Ј. веќе подолго време ја малтретирал својата сопруга дваесет и едногодишната К.Ј. од Лозово. Поради нарушени брачни односи тој честопати и се заканувал со ќотек наметнувајќи и страв да го напушти домот во кој живееле. Вербалната расправија помеѓу нив двајцата, на почетокот на годинава, за кратко време прераснала во физичка, кога сопругот почнал да ја тепа со клоци по телото и и ја удирал главата во ѕид. Притоа и се заканувал дека ќе ја убие. За да не му избега насилникот ја заклучил влезната врата, го искршил телефонот и продолжил да ја тепа. Кога се обидела да избега преку прозорецот, ја фатил и почнал да ја дави по вратот. По извесно време жената успеала да најде клуч, избегала кај соседите и повикала полиција. По инцидентот, сопругата го напуштила семејниот дом и заедно со детето кое што и го доделило центарот за социјални работи, се преселила кај роднини. Нејзиниот сопруг и натаму продолжил да ја навредува и да и се заканува дека ќе ја убие. Постојано и се јавувал и го контролирал нејзиното движење. Несогласувањето меѓу сопружниците траело долго време, но поради страв за сопствениот живот, сопругата се плашела да го пријави во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.