Контакт

Црна хроника

Приведените во „Метастаза“ се офајдиле со 165.000 евра

Објавено пред

Приведените во полициската акција „Метастаза“ се стекнале со имотна корист од 165.000 евра, а само Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го оштетиле за 53.000 евра, соопшти МВР на денешната прес конференција, пренесува Mакфакс

dobivaj vesti na viber

Откривајќи детали за вчерашните апсења, МВР истакна дека во текот на вчерашниот ден беа приведени 33 лица кои беа веднаш изведени пред истражен судија. Распитот на приведените траеше до раните утрински часови, а според неофицијални информации, на сите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Полицијата трага по уште четири лица осомничени дека учествувале во криминалот, но тие засега се недостапни за органите на прогонот.Истрагата покажала дека приведените доделувале инвалидски пензии на лица што ги исполнувале условите, но намерно ја одолговлекувале работата, со цел да издејствуваат мито за забрзување на постапката. Истовремено, тие доделувале инвалидски пензии и на лица што не ги исполнувале условите, фалсификувајќи ги документите и подметнувајќи лажни лекарски дијагнози.Тарифата за стекнување со инвалидска пензија се движела од 1.500 до 4.000 евра, а целата работа ја завршувале лица-посредници, кои наоѓале заинтересирани граѓани за стекнување со пензија со поткуп.Меѓу приведените се и претседателот на ревизионата комисија, кардиологот С.Ј., како и претседателот на Првостепената комисија за доделување инвалидска пензија. Овие две лица, според МВР, биле координатори на целата група.Полицијата поднела три кривични пријави – за злоупотреба на службената положба, за фалсификување на документи и за примање на поткуп. Меѓу приведените има кардиолози, пумолози, ортопеди, кои подготвувале лажна документација за стекнување со инвалидска пензија.Истрагата утврдила дека во 57 случаи неправилно се доделени пензии, додека постои сомнение дека станува збор за уште 200 вакви случаи.Полициската акција „Метастаза“ започнала пред една година, од кога била собирана документација за криминалните активности во делот на инвалидските пензии. Полицијата вчера приведе 33 од вкупно 37 лица, а приведувањата биле вршени во домовите на осомничените, но и на нивните работни места. Покрај тоа, биле претресени и 15 станови.Како членови на групата кривично пријавени се: С.Ј.(37), кардиолог на Клиника за Кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при МТСП и С.Д. (52), неврохирург на Клиника за Неврологија и член на истата Комисија; Љ.В. (50) психијатар во МТСП и претседател на Комисијата за оценка на работната способност во прв степен при ФПИОМ и четири члена на истата Комисија, инаку лекари вработени во МТСП – П.Г.(58), Л.А.-С.(53) од Тетово, С.Т.(54) од Скопје и Љ.П.(53) од Крива Паланка. Потоа вкупно 17 доктори специјалисти и лекари: З.Б.(48) од Скопје, ортопед во Клиниката за ортопедија, Ѓ.Х.А.(51) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, О.М.(56) од Скопје, клинички психолог во ЈЗУ Психијатарска болница, Ј.Б.(53) од Скопје, лекар во интерно одделение во Воена Болница, Б.Т.(50) од Скопје, кардиолог на Клиника за Кардиологија, М.Д.(49) од Скопје, невролог во ПЗУ„Неуролаб“ Скопје, Т.П.(53) од Скопје,  ортопед на Клиника за ортопедија, И.Б.(46) од  Струмица, невролог во Клиниката за Неврологија, А.Ј.(48) од Скопје, психијатар во ЈЗУ Психијатарска болница, В.П.(65) од Скопје, невропсихијатар во ЈЗУ Болница Куманово, Ф.Т.(59) од Скопје, лекар-раководител на физикална терапија при Воена Болница, Љ.Г.(61) од Скопје, пулмолог на Клиника за Пулмологија, Љ.С.(57) од Скопје, рентгенолог, Г.Н.(46) од Скопје, невролог во ПЗУ Поликлиника „Примед“ Скопје, И.В.(54) од Тетово, лекар во Болница за Белодробни заболувања „Лешок“, Ј.М.(53) од Тетово, лекар во ЈЗУ Клиничка болница-Тетово, Е.Ш.(50) од с.Велешта-Струга, лекар во ЈЗУ Болница-Струга, како и лицата В.Д.(45) од Скопје, административен работник во ЈЗУ„Психијатриска Болница“ и  М.З.(52) од Скопје, архивар во ФПИОМ, сите горенаведени се пријавени за сторени дела „злосторничко здружување„ и „злоупотреба на службената положба“.Љ.Б.(29), И.Т.(22) и Д.Б.(25) сите од Скопје за сторени дела „злосторничко здружување“, „помагање“ и „фалсификување исправа“. А.К.(45) од с.Глумово, З.Н.(53) од Скопје, техничар–лаборант, вработен во Клиника за трансфузиологија, Ж.П.(62) од Скопје, З.А.(55) од Велес, Д.Т.(64) од Скопје, Р.В.(59) од Велес, М.А.(59) од Скопје и С.З.(50) од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „помагање“. Покрај за горе наведените кривични дела лицата З.Б. и З.Н. се пријавени и за кривично дело „примање поткуп“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија5 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија5 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија9 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија10 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет12 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија12 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет12 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет12 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија22 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...