Црна хроника
Кривични пријави за плаќање со фалсификати
Двајца велешани заработија кривични приајви бидејќи со лажни банкноти од петстотини илјада денари купувале стока и плаќале комунални и такси услуги
Со фалсификувани пари купувале во продавници, плаќале комунални услуги и се превезувале со такси возила. Деветнаесет годишниот Ј.Д. и дваесет и две годишниот Ф.И. од Велес фалсификуваните пари ги направиле на домашен компјутер кон крајот на 2009 и почетокот на 2010 година. Изработиле лажни банкноти од 500 и 1000 денари и ги пуштиле во промет во Велес, Градско , Неготино и други градови во земјава. Против двајцата велешани СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатен бегалец од КПУ „Затвор Куманово“
Вчеравечер, околу 22.30 часот, во Скопје полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот А. А. од Скопје, кој по наредба од Основниот кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ „Затвор Куманово“, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл. 215 ст. 3 за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, извести МВР.
Исто така, А. А. бил баран и во врска со кривично дело по чл. 259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.
Црна хроника
Кривична против скопски градоначалник и пет вработени во општина: овозможиле фирма да стекне противправна имотна корист
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Имено, по поднесеното барање за утврдување правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на местото, во кој спротивно на Законот за градењето и Законот за утрдување правен статус на бесправно изградените објекти констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта – ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако објекти од ваков вид се привремени и не може да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување правен статус на бесправен објект.
На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3.993 квадратни метри, односно да стекне противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.
Црна хроника
Извршен увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, ќе биде извршена обдукција на телата на починатите
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.