Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје
Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи изутрината во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи
Според МВР денеска во 05.20 часот, на булевар „3-та Македонска бригада“, во непосредна близина на крстосницата со улица „Фрањо Клуз“ се случила сообраќајна незгода во која Б.Ш.(1981) од Скопје, кој го управувал ПМВ „Фиат Браво“ со скопски регистерски ознаки, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво, по што се превртел на кровотСопатничката Мариче Р.(1977) од Битола им подлегнала на тешките телесни повреди со кои се здобила во сообраќајната незгода, така што докторите во Градската општа болница констатирале смрт
Возачот Б.Ш. и вториот сопатник Б.И.(1965) од Скопје, се здобиле со телесни повреди и со возило на итната медицинска помош се згрижени во болница, а по укажаната помош, двајцата се пуштени на домашно лекување. Со судска наредба телото на починатата е предадено на обдукција, а од возачот е земена крв за анализа. Извршен е увид на лице место и се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.