Црна хроника
МВР: Идентификувани тројца од четворицата загинати
Полицијата потврди дека се идентификувани тројца од загинатите во престрелката што ноќеска се случи во близина на скопското село Радуша, врз база на документацијата што била најдена кај нив
Еден од загинатите е од село Грчец, еден од Мерово, а еден косовски државјани. Четвртиот загинат се уште не е идентификуван.Полициските сили синоќа поставиле заседа во реонот на Радуша и Рашче и вршеле контрола на возилата што поминувале на патот, кога групата наишла со возило „Мерцедес Спринтер“. Еден од загинатите го управувал возилото, додека останатите тројца седеле одзади. Тие не ја послушале наредбата на полицијата да застанат и отвориле оган кон нив, при што полициските сили возвратиле.Целта им била нелегален транспорт на оружје од Косово во Македонија. Според првичните сознанија, се работи за лица кои се добро познати на полицијата.Еден од нив, косовскиот државјанин, бил гонет за напад за напад врз службено лице, бил осуден на девет години затвор и се барал со меѓународна потерница.Оружјето што е пронајдено било со југословенско потекло, старо и подолго време неупотребувано. Во комбето се пронајдени три рачни фрлачи, три вреќи со гранати, шест вреќи ТНТ, рачни бомби, пешадиски мини, муниција и снајпери.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, повтори дека не постои простор за загриженост и дека полицијата има целосна контрола врз безбедноста на граѓаните. Засега не ги поврзуваат двата инцидента во Радуша и во Блаце.„Во оваа фаза не би оделе со поврзување на двата инцидента. Полицијата работи и се уште е на терен“, изјави Јанкуловска и порача дека никакво насилство не смее да се толерира. Таа уште еднаш изрази задоволство што сите релевантни политички фактори се оградија од претходните инциденти.
Македонската полиција на крајот на минатиот месец пронајде поголемо количество оружје, кај селото Блаце во близина на границата со Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.