Црна хроника
Меѓу убиените и обвинет во случајот „Работници на ГП Маврово“
Според неофицијални информации, идентификувани се тројца од убиените во престрелката со македонската полиција утрово во атарот на селото Радуша
Според полициски извори, меѓу ликвидираните околу три часот утрово на падините на Скопска Црна Гора од шверцерката група која отворила оган врз полицајците кои се обиделе да го запрат нивното комбе, се Џафер Шаља, 31-годишен од Приштина, Кемал Фејзула од селото Грчец и Шабан Зенуни од Мерово. За нив имено постои полициска евиденција, додека за четвртиот идентификацијата се уште е во тек. Интересно е што Зенуни е осомничен за едниот од предметите за од т.н. хашки слуачи, случајот со киднапирањето и малтретирањето на работниците на ГП „Маврово“ во конфликтот од 2001 г.
Во Основниот суд Скопје 1 во мај 2008 г. почна процесот за случајот малтретирани работници на ГП „Маврово”. Тој е првиот од четирите хашки случаи подигнати за злосторства против човештвото од 2001 г.На материјалот содржан во ова досие работеа двајца обвинители, а Основното јавно обвинителство не отстапува од свој став изграден уште во времето кога ова досие беше испратено во Хаг, а од таму вратено пред македонските судови и досега се преведуваше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.