Црна хроника
Уапсените во Желино биле поврзани со групата кај Радуша
Постојат одредени индиции за инволвираност на лицата кои беа уапсени синоќа во тетовско Желино со некој од лицата кои беа членови на групата која беше елиминирана кај скопското село Радуша, велат од МВР
Неофицијално, ова лице било логистика на Шабан Зенуни од тетовското село Мерово, кој беше убиен пред два дена во полициската акција кај Радуша.Полицијата синоќа уапси четири лица од тетовското село Ново село, Желино, педесет и деветгодишниот Демир Мифтери и неговите тројца синови.При претрес на неговата куќа и штала полицијата пронашла поголема количина на оружје и тоа три автоматски пушки, четири различни пиштоли и револвери, 30 рамки за муниција, поголема количина на муниција три тромблонски мини, три калапи за експлозив и друг вид на оружје и муниција.„Во текот на ноќта беа извршени службени разговори со сите четворица, при што таткото на семејството го призна делото и кажа дека самиот го набавил и складирал оружјето. Најголем дел од оружјето потекнувал од конфликтот во 2001 година така што по целосно документирање и комплетирање на случајот против сопственикот во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено држење и тргување со оружје“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.Полицијата продолжува да работи на овој случај, за тоа кои биле контактите со групата која беше елиминирана во тетовското село Радуша и евентуална инволвираност и на други лица во оваа група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.