Црна хроника
Скопјани ограбувале во Велес
Двајца жители на Скопје, последната седмица биле „на привремена работа“ во Велес, каде ограбувале продавници и трафики, за што од тамошната полиција добија кривични пријави во Велес
Скопјаните својот поход низ велешките продавници и кисоци го започнале во налсебата Тунел, каде прво минатиот петок го ограбиле бутикот „Александрија“. Тие во текот на ноќта успеале да влезат во продавницата, одземајќи паричник во кој имало 11 илјади денари и лаптоп Но не запрале тука и охрабрени од успехот по првата кражба, се обиделе да извршат уште една. Овојпат за цел го одбрале киоскот во истата населба во Велес, кај местото познато како Багремче. Но биле забележани и пријавени во полицијата која со брза интервенција успеала да ја спречи кражбата, а двајцата скопјани биле фатини на дело.Од Секторот за внатрешни работи го комплетираат делото и во меѓувреме испитуваат дали овие лица се поврзани со уште некоја кражба во градот. Најдоцна до утре до Основното јавно обвинителство ќе им бидат поднесени кривични пријави за тешка кражба и кражба во обид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.