Црна хроника
Тепачка на надничари од Албанија во Гостивар
Надничари од Албанија утрово се степале во близина на автобуската станица во Гостивар. Во тепачката во која бил употребен и нож, двајца браќа завршиле со расекотини по стомакот и лиц
од Љупка Антеска, од Гостивар
Причината за инцидентот најверојатно била неможноста да се договорат околу работен ангажман на градежен објект СВР Тетово потврди дека утрово околу седум часот на локацијата каде се собираат надничари и физички работници кај автобуската станица, дошло до расправија која прераснала во тепачка. Во настанот учествувале татко и син, од една страна и двајца браќа од другата страна, сите од Албанија.Според информацијата од полицијата таткото Л.Х и неговиот седумнаесетгодишен син се степале со двајца браќа, албански државјани од село Топојане. Во еден момент, таткото и синот извадиле нож и им нанеле расекотини на своите доскорашни соработници. Браќата поминале со полесни повреди.Четворицата учесници во тепачката, во земјава престојувале легално со документи. По инцидентот биле задржани во полициската станица во Гостивар, заради расветлување на поединостите по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.