Црна хроника
Приведен велешанец познат препродавач на дроги
Дваесет и осум годишниот велешанец М.В. ќе заработи кривична пријава откако полицијата од неговиот дом запленила 70 грама марихуана, екстази и куршуми
Полицијата по наредба на истражен судија од Основниот суд, во четвртокот извршила претрес во домот на влешанецот и пронашла 70 грама сува материја марихуана, пакувана во најлонско кесе, една таблета екстази како и девет куршуми од различен калибар и други предмети.Полицијата ги одзела предметите и ги достави за вештачење во одделот за криминална техника при Министерството за внатрешни работи. Лицето е приведено и по извршениот разговор е задржано за натамошна истрага.Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информираше дека по добивањето на анализите од вештачењето и целосното документирање на случајот, против М.В. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.Инаку М.В. на велешката полиција и е познат од поодамна за сторени кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.