Црна хроника
Велешанец продавал дрога преку фабричка ограда
Дваесет и седум годишен велешанец И.К. ќе заработи кривична за недозволена трговија со дрога. Тој бил вработен во фабриката Брако и додека бил на работа им продавал дрога на други лица
По претходно добиени информации полицијата на 28 мај го затекнала И.К. како преку оградата на фабриката му продава хероин на велешанец – познат уживател на дрога. Откако полицијата добила согласност од сопственикот на фабриката извршила претрес врз пријавениот и во неговиот орман со лични предмети, што го должел на работното место. Таму пронашла три најлонски пакетчиња со хероин. Со потврда з аодземени предмети полицијата ја одзела дрогата и ја доставила на вештачење во одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи, а лицето И.К. го привела во полициска станица за понатамошна работа. Откако ќе пристигне анализата од вештачењето, СВР Велес против И.К. до Основното јавно обвинителство ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.